Пеко си победи на свој терен, Квартараро ja билда разликата во Генерален пласман во Мото ГП (Видео)

Франческо Пеко Бањаја е победник на трката за Големата награда на Италија во Мугело и се радуваше на триумф пред своите навивачи, а во плус излезе и водечкиот во Генералниот пласман во Мото ГП, Фабио Квартараро, кој мина низ целта како втор и си ја зголеми предноста во битката за титулата.

Место на подиумот имаше и за Алеиш Еспаргаро, кој ја заврши трката на третото место.

https://twitter.com/MotoGP/status/1530894775611801601?s=20&t=Qld4TUR5E8DVPXJq5jFipg

За Бањаја ова е втора победа сезонава во најсилната мото класа на светот. Квартараро сега има 16 поени повеќе од Еспаргаро на врвот во генералниот поредок.

- Оглас -

Најнови вести