Десетта година по ред, во редовите на освојувачот на Лигата на шампионите има хрватски фудбалер. Лука Модриќ има пет вакви трофеи, а во изминатата деценија се радуваа и Перишиќ, Ловрен, Ковачиќ, Манџукиќ и Ракитиќ.
Хрватскиот фудбалски сојуз на социјалните мрежи објави една фотографија и порака која е малку и контроверзна. Пораката до ПСЖ и Манчестер сити е дека џабе им е трошењето на милијарди, а дека вистинскиот пат до титула во ЛШ е да се купи Хрват.