Драмата во Кавадарци за Еуроникел, ќе се игра полуфинална мајсторка во Битола

Еуроникел го совлада Пелистер со 90-89, и изедначи на 1-1 во победи, па финалистот на плејофот во македонското кошаркарско првенство ќе се одлучува на трети меч во Битола.

Кавадарчани имаа 13 поени предност на 5 ипол минути до крајот, но пелистерци не се предаваа, ја стопија негативата, дури имаа и напад за победа, но Стајиќ не погоди, па домашните се радуваа.

Четворица играчи на Еуроникел беа со 12 или повеќе поени, а кавадарчани имаа и 18 скока повеќе од противникот. И кај Пелистер имаше четворица двоцифрени поединци.

- Оглас -

Најнови вести