Со игрите кои ги покажа во сезоната што измина, Дарвин Нуњес се промовира во нова фудбалска сензација. Уругвајскиот репрезентативец, кој има само 22 години, имаше одлична сезона во дресот на Бенфика и во 41 меч даде вкупно 34 гола.
Токму затоа голем број европски гиганти се заинтересираа за доведување на Нуњес, а најконкретен засега е Манчестер јунајтед. Новиот тренер на Црвените ѓаволи, Тен Хаг има план да го даде Ентони Марсијал, плус пари, за да го донесе Нуњес на „Олд Трафорд“.
Нуњес е фудбалер кој кариерата ја започна во уругвајскиот Пењарол, потоа играше за Алемрија во Шпанија, а потоа направи трнасфер во Бенфика.