Играч на Ливерпул ги демаскира лагите на УЕФА: Со оригинални влезници семејството му останало пред портите на Стад Де Франс

Енди Робертсон ги разби сите илузии на УЕФА дека ќе се извлече за лошата организација на финалето во Лигата на шампионите со обид да се префрли вината на навивачите на Ливерпул за хаосот што се случуваше пред „Стад Де Франс“ во Париз.

УЕФА објави дека стотици навивачи на англискиот клуб имале лажни карти за финалето, но сведочењето на бекот на Ливерпул е несоборливо и поткрепено со факти.

Негови роднини и членови на семејството не можеле да влезат на „Стад Де Франс“, а биле вратени наводно поради фалсификат билети, но картите им ги дал Робертсон, а ги добил од клубот преку УЕФА, како што и следува за секој играч во финалето.

Лиеверпул загуби со 0:1 од Реал Мадрид, а стотици навивачи на англискиот клуб не можеа да влезат.

Потфрли комплетно организацијата на УЕФА, па пред стадионот бече хаотично и за среќа без жртви.

Навивачите на англискиот тим беа прскани со солзавец, има видеоматеријали каде што ги покажуваат своите валидни билети, но не можеа да влезат на стадионот.

УЕФА најави независна истрага што ќе ја води поранешен португалски пратеник, но сега прашање е дали по сведочењето на Робертсон ќе се обиде да се извлече од одговорноста, или ќе ја признае вината.

 

- Оглас -

Најнови вести