Селекторот Дидие Дешамп привремено ги напушти подготовките на француската фудбалска репрезентација во нивниот тренинг-центар во Клерфонтен поради смртта на татко му Пјер.
Французите на 3 јуни играат меч против Данска од Лигата на нациите. Додека го нема Дешамп, со екипата која е светски првак ќе работи помошникот Ги Стефан.
Таткото на Дидие починал утрово, па францускиот селектор сакаше да биде со семејството во овие тешки и болни моменти.