Големото финале во НБА-лигата почнува утре рано наутро, па денеска е денот кога треба да се прогнозира исходот на првиот дуел од битката на Голден стејт вориорс и Бостон селтикс.
За оваа прилика, Sport Life подготви многу богата понуда, разновидност на секакви игри, а може да погодувате и колку меча (4,5,6 или 7) ќе има во финалната серија, игра за која има големи квоти, особено ако прогнозирате дека едниот тим ќе победи со 4-0 или 4-1.
Секако, може да погодувате и кој ќе биде најкорисен играч во финалната серија. Тука има дури 14 различни кандидати, а се издвојуваат двајца фаворити, Стеф Кари од Вориорс и Џејсон Тејтум од Селтикс.
Во минатото често имало изненадувања, па ако го погодите играчот што ќе биде најкорисен, а да не е Кари или Тејтум, добивката ќе ви биде огромна, многукратно поголема од уплатата.