Аргентина вчера на убедлив начин стигна до трофејот Финалисимa откако го растури европскиот првак Италија со 3-0 среде Лондон на „Вембли“.
Тоа беше деветти последователен натпревар во кој Гаучосите не примија погодок, ако се знае дека во стартните 11 беше и стоперот Кристијан Ромеро. Овој 24-годишен дефанзивец се претвора во непробоен ѕид кога го носи националниот дрес. Во серијата од девет меча без примен гол, два од нив беа битки за трофеи – против Бразил минатата година во финалето на Копа Америка и вчера против Италија во интерконтиненталниот дуел.
Со сигурност Ромеро ќе биде важен адут на тимот предводен од Скалони на претстојното Светско првенство во Катар и покрај тоа што главното оружје на Гаучосите е нападот предводен од Меси, Лаутаро, Ди Марија, Дибала.
https://twitter.com/squawka/status/1532117487097085958?s=21&t=Q8T4TeJS0UbBQvo1UM8c5A