Данскиот тенисер Холгер Руне го постигна најголемиот успех во кариерата со играњето во четвртфиналето на Ролан Гарос, но тогаш младиот тенисер се посрамоти со своето однесување.
Тинејџерот кој има само 19 години, загуби од Каспер Руд со 3:1 во сетови, а на теренот имаше срамни испади. Во еден момент Руне буквално ја избрка неговата мајка од трибините. Тенисерот почна да се дере „Оди си! Оди си! Ако не ми помагаш, тогаш оди си!“, викаше Руне. Неговата мајка со наведната глава стана од столчето и си замина, а публиката негодување на однесувањето на младиот тенисер.
По завршување на мечот Руне се правдаше дека не се дерел на својата мајка туку на некој друг и дека понекогаш му е потребен мир на теренот за да може да се фокусира и да игра на нивото на кое тој посакува.