Бомба од Италија: Елиф Елмас се сели во Милан?!

Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, но новиот италијански првак Милан, има намера да го откупи Македонецот и да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по сестран играч кој може да покрие повеќе позиции во средниот ред, и око му фрлиле на 22-годишниот Елмас кој од 2019 е во Наполи, и не игра редовно, иако актуелниот тренер Лучано Спалети вели дека има доверба во него и го цени неговото залагање и професионализам.

Елмас сезонава почесто беше стартер во Лига Европа отколку во Серија А. Наполи планира големи промени во играчкиот кадар. Претседателот на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, рече дека сите играчи се за продажба, доколку за нив дојдат добри финансиски понуди.

 

- Оглас -

Најнови вести