6107 Унгарија – Англија (18.00 часот)
Унгарците и Англичаните беа во иста група и во квалификациите за СП во Катар, во септември минатата година Англија победи во Будимпешта со 4-0, а еден месец подоцна, Унгарците изненадија и останаа непоразени на „Вембли“. Последен тим кој ја победил Англија во 90 минути игра беше Белгија во ноември 2020 година. Унгарија дома никогаш не победила против Гордиот Албион, за домашните вечерва и реми би било премија.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.30)
6108 Италија – Германија (20.45 часот)
Италијанците кои се европски прваци, пред три дена беа поразени од Аргентина во Финалисима, а сега им следува нов дерби дуел, овојпат од Лигата на нации. Германците последниот пораз го претрпеа во јуни минатата година, а Италија после триумфот на ЕП, има повеќе разочарувања отколку радости. Овие гиганти на светскиот фудбал никогаш не биле во иста квалификациска група од некое натпреварување, ова им е првпат, а не играле меѓусебе уште од 2016 година, кога во пријателски меч ремизираа 1-1.
Предлог тип: ГГ (1.66)
6115 Финска – БиХ (18.00 часот)
Ова е дуел од Лига Б во Лигата на нации. Интересно е што последната победа на Финците беше лани во ноември, токму против Босанците, со 3-1, во квалификациите за СП. Сега Босанците ќе имаат мотиви да се реваншираат. Од тој меч во Финска, наваму, БиХ игра само неефикасни мечеви со 0-2 гола. Последните три меѓусебни дуели на овие селекции завршуваа со 4+ голови, но овојпат типуваме дека нема да биде толку ефикасно.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.78)
6116 Црна Гора – Романија (20.45 часот)
Балканскиот дуел е еден од поинтересните од Лига Б, затоа што станува збор за селекции кои имаат добри поединци, но тимовите играат променливо. Во март, Црна Гора победи 1-0 против Грција, а Романија загуби 0-1 од истиот противник. Црна Гора и Романија беа во иста група и во првото издание на Лигата на нации, тогаш двата меча беа со 0-1 гол, а последните четири меѓусебни пресметки им беа со 0-2 гола.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.04)
6127 Турција – Фарски острови (20.45 часот)
Тука Турција е голем фаворит не само на овој меч, туку и во својата група, па може да се каже и во целата Лига Ц во која е и Македонија. Репрезентацијата на Фарски острови во март, победи на својот последен меч со 1-0, но противник им беше Лихтенштајн. Ова е прв меѓусебен дуел на Турција и Фарски острови во нивната историја. Веруваме дека Турците кои имаат амбиција да се вратат во Лига Б, на стадионот на Башакшехир во Истанбул ќе ја оправдаат фаворитската улога.
Предлог тип: 4+ (2.01)