Погба се повреди и ќе мора да паузира

По доаѓањето на Оле Гунар Солскјер за нов тренер на Манчестер јунајтед, во вистинска форма се врати и Пол Погба. Францускиот репрезентативец имаше импресивни 15-тина дена во кои даде четири гола, а имаше и три асистенции, а „црвените ѓаволи“ споија четири победи во низа, во Премиер лигата.

Сепак, на последниот меч против Њукасл, по еден старт на Џонџо Шелби, Погба заработи повреда на ногата. Се работи за не многу сериозна повреда, но Солскјер реши да го одмори Погба и Французинот нема да биде во составот за дуелот против Рединг во третото коло од Купот на Англија.

Солскјер најави дека за дуелот против Рединг, во нападот ќе бидат Ромелу Лукаку и Алексис Санчез. Тоа ќе биде прв пат двајцата да бидат стартери откако Солскјер е на чело на тимот. Лукаку даде два гола на последните два меча, а Санчез асистираше за еден од погодоците на дуелот против Њукасл.

 

 

- Оглас -

Најнови вести