Рафаел Надал по 14-ти пат го освои „Ролан Гарос“, и сега на вечната листа на најуспешни тенисери има предност од две грен-слем титули во однос на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Шпанецот попладнево во финалето, со 6-3, 6-3, 6-0 го победи својот пулен Каспер Руд, кој е член на Академијата на Надал.
Надал со 36 години, е највозрасниот победник на „Ролан Гарос“. Ги има добиено сите 14 финалиња во Париз, а од 49 одиграни сетови во финалињата на „Ролан Гарос“, добил 42. Интересно е што тој дојде до 14-та титула во Париз, а неодамна неговиот омилен фудбалски клуб, Реал Мадрид, истотака во Париз ја освои 14-тата титула во Лигата на шампионите.
Руд во 2013 година, како 14-годишен, го гледаше Надал како игра финале на „Ролан Гарос“ и навиваше за него, а сега дочека самиот да му биде противник на Рафа во финалето на париската земја.
Надал се мачи со хронична повреда на стапалото, но според игрите на турнирот не делуваше дека има сериозна повреда. Се шпекулира дека може да објави дури и крај на кариерата.