Роналдо Назарио, претседателот на Валјадолид, тргна да го ветувањето и ќе вози 500 километри со велосипед поради облогот со неговата екипа.
Валјадолид успеа да обезбеди промоција во шпанската елита, па сега легендарниот Бразилец ќе ја помине рутата „Камино де Сантијаго“ на северозападниот дел од Шпанија.
„Ветив дека ќе поминам 500 километри доколку обезбедиме пласман во Ла Лига. Ќе го сторам тоа на велосипед бидејќи не сум подготвен да трчам толку долга рута. Знам дека ќе ми биде исклучително напорно, но воедно сум сигурен дека ќе биде едно прекрасно и незаборавно искуство“, истакна Роналдо за шпанските медиуми.
Во авантурата која ја започна токму денес, придружба на Роналдо ќе му биде неговата сопруга.
Инаку, Валјадолид ја обезбеди промоцијата во Ла Лига како второпласирана екипа во втората лига, со ист број на бодови како лидерот Алмерија (81).