Јувентус и Пари Сен Жермен се единствените две екипи од Топ-5 првенствата во Европа што се уште немаат пораз, а серијата на Ливерпул ја прекина англискиот шампион Манчестер сити.
Популарните „граѓани“ славеа во дербито на 21. коло во Премиерлигата и ја сопреа страшната серија на лидерот и главен конкурент Ливерпул од 20 меча без пораз на домашната сцена.
Моментно н ајдолгата серија без пораз во најквалитетните пет лиги во Европа ја има Јувентус, кој го презеде приматот од Ливерпул.
Старата дама има 17 победи и две нерешени во Серија А и се уште е без пораз на врвот на табелата.
Со нив без пораз се уште држи чекор и Пари Сен Жермен во Франција, а популарните „светци“ се со биланс од 15 победи, две ремија и ниту еден пораз.