Фенер продолжи да свети на врвот во Евролигата

Фенербахче со триумф против Басконија од 96:87 ја продолжи победничката серија во Евролигата во првиот меч за двете екипи во Новата година.

Лидерот и лански шампион имаше предност од самиот старт на мечот и ги доби првите три четвртини со што го реши мечот во своја корист.

Со десет поени разлика во корист на домаќинот почна последниот период, Басконија стаса до негатива од два поени, но не успеа да направи комплетен пресврт.

Николо Мели со 19 поени беше најефикасен кај Фенербахче, а имаше само една утка на мечот и тоа за тројка. Одличен со 15 поени беше и Јан Весели.

Кај поразениот тим и на мечот најефикасен беше Шевон Шилдс со 22 поени.

Фенербахче остана на првото место со 15 победи и само еден пораз, а Басконија е на 11. позиција со 7 победи и 9 порази.

- Оглас -

Најнови вести