Напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус, му бил понуден на европскиот првак Реал Мадрид, а во Кралскиот клуб уште размислуваат како да постапат.
Не е проблем цената од околу 50 милиони евра, туку пасошот на Габриел. Реал веќе ја има исполето квотата од тројца играчи со неевропски пасоши, тоа се Бразилците Винисиус, Родриго и Милитао, па не може да регистрираат уште еден.
Единствена опција за Габриел да премине во Реал е ако Винисиус наскоро добие шпанско државјанство, па да се отвори слободно место. По ангажирањата на Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез, дефинитивно ќе нема место за Габриел во нападот на Сити, а Реал бара посигурна резерва за Карим Бензема бидејќи Лука Јовиќ покажа дека не е тоа.