Германски доктор се сомнева дека Надал користи допинг

Познатиот германски доктор и експерт за антидопинг, Фрик Цергел, изјави дека кај него има сомнеж дека тенисерот Рафаел Надал користи недозволени стимулативни средства.

Надал, кој во машкиот тенис има рекордни 22 гренслем-титули, пред секој меч на годинешниот „Ролан Гарос“, примаше инјекции во нерв во стапалото за да го умртви и да игра без болки. Некои сметаат дека тој третман е недозволен, а доктор Цергел, кој работи во Институтот за биомедицински и фармацевтски истражувања во Нирнберг, често го критикува Надал.

„Надал покажа некои абнормалности. Имам сомнеж за тоа што го прави околу регенерацијата и целата негова атлетизација. Надал доаѓа од Шпанија, земја која не е баш позната по тоа што посебно внимателно ги следи своите херои. Влијателните спортисти од Шпанија околу себе имаат опкружување кое се грижи за нивната исхрана. Има доволно техники за прикривање на примен допинг“, вели Цергел, но неговите тврдења не се докажани.

Цергел потсети на случајот со Мартина Хингис, која кога беше позитивна на кокаин, тврдеше дека некој ѝ ставал дрога во сокот од портокал. Тенисот е еден од четирите спортови во кои најчесто се користи допинг, по скијачкиот бијатлон, атлетиката и велосипедизмот.

- Оглас -

Најнови вести