Мурињо ја доби првата официјална понуда, се чека негов одговор

По добиениот отказ од Манчестер јунајтед, на адресата на Жозе Мурињо стигна и првата официјална понуда. Португалецот моментно е во својата татковина, а од таму доаѓа и понудата. Бенфика би сакала да го врати Мурињо на клупата.

Пред да стане планетарно популарен, Мурињо го предводеше тимот на Бенфика, но таму остана само 11 меча. Во тие 11 средби, Мурињо со Бенфика победи шест пати, но мораше да си замине поради недоразбирање со челниците на клубот. Клубот не можеше да му ги исполни условите околу тоа кои соработници му требаат покрај него, но и побараното зголемување на платата.

Мурињо по таа епизода замина во Леирија, а потоа и во Порто, со кого стана европски првак во 2004 година.

Бенфика синоќа го смени тренерот Руи Виторија, а како привремена замена го поставен Бруно Лаге. Од „стадионот на светлината“ уште го чекаат одговорот на Мурињо. По 15 одиграни мечеви, Бенфика моментно има 32 бодови и заостанува седум бодови зад лидерот Порто, клубот со кој Жозе ја покори Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести