Ливерпул е подготвен да даде 80 милиони евра за Нуњес, сака само да ги намали бонусите и да избегне стотка

Ливерпул е подготвен да даде 80 милиони евра за напаѓачот на Бенфика, Дарвин Нуњес, сума што ќе ја плати за да потпише петгодишен договор со 22-годишниот репрезентативец на Уругвај.

Трансферот е на стенд-бај, а Ливерпул сака да ги избегне дополнителните бонуси што би ја качиле цената за Нуњес на 100 милиони евра.

Сепак и англиските и португалските медиуми објавуваат дека трансферот е извесен и треба да се комоплетира во наредните денови.

Нуњес одигра прекрасна сезона за Бенфика и постигна 34 гола за популарните Орли од Лисабон.

Од него се очекува да биде новиот предводник на нападот на Ливерпул, во ситуација кога Садио Мане си заминува од клубот, а Салах и Фирмино имаат уште една година од актуелните договори со англискиот гигант.

 

 

- Оглас -

Најнови вести