Тактизирањето на Пол Погба околу неговото враќање во Јувентус, се должи на тоа што тој чека да види дали Зинедин Зидан ќе стане тренер на Пари Сен Жермен. Ако Зидан седне на клупата на ПСЖ, тогаш нема да биде изненадување ако и Погба им каже „ДА“ на Светците, иако се чинеше дека работата околу договорот со Јуве е завршена.
Денеска се појави информација дека Зидан се согласил да стане тренер на ПСЖ, но неколку часа подоцна, неговиот советник и агент негира било каков контакт со клубот кој го држи Емирот од Катар.
Потписот на Погба за ПСЖ е можен само ако популарниот Зизу биде тренер, но ако седнувањето на Зидан на клупата на Париз се покаже само како шпекулација невистина, тогап Погба најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.