Некогашниот прв светски рекет Енди Мареј, попладнево направи подвиг каков што немал цели шест години на тениските терени.
Британскиот тенисер го елиминира Стефанос Циципас, првиот носител на турнирот во Штутгарт, со 7-6, 6-3 за пласман во полуфиналето. Првпат од 2016 година Мареј успева да слави против еден од топ 5 тенисерите според АТП-листата, а воедно потсети какви партии пружаше на тревна подлога.
https://twitter.com/atptour/status/1535276194890977287
Мареј првиот сет го доби во тајбрејк со 7-4 по еден час игра, за потоа еден брејк во негова корист да ја направи разликата во вториот сет.
За пласман во финалето на германскиот турнир, Мареј ќе ги одмери силите со Ник Кирјос, додека вториот полуфинален дуел е меѓу Ото и Беретини.