Мајкл Овен поминува тешки денови поради ќерката: Ќе го искршам телевизорот!

Легендарниот англиски фудбалер Мајкл Овен призна дека бил шокиран кога ја видел својата 19-годишна ќерка Џема како мора да го дели креветот со машко, во британското реално шоу „Остров на љубовта“.

Џема е најстаро дете на Мајкл и Луис кои веќе 17 години се во брак, а ги имаат уште и синот Џејмс и ќерките Емили и Џеси.

„Тоа сигурно не сака да го гледа ниту еден татко, така? Ја прашав мојата сопруга дали мораат заедно да спијат во ист креват, а таа ми рече дека така морало да биде. За моја среќа, немаше физички контакт. Гема му сврте грб. Имаше простор меѓу нив двајца. Веднаш си помислив „Добра девојка“. Ниеден татко не би сакал да види физички контакт, така ли е? Јас сигурно не сакам. Ако има допири, мислам дека ќе фрлам нешто кон телевизорот. Не сакам да гледам како се бакнува. Немојте да ме терате тоа да го гледам“, рече некогашниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести