Македонските одбојкари ќе играат во завршницата на Сребрената лига на Европа, откако денеска Романија ја победи Албанија со 3:0 и ни помогна да учествуваме на Ф4 турнирот.
Ни требаше победа на Романците со 3:0, или 3:1, тие ја остварија, а ние ги претркавме Албанците на сет-разлика и сме пред нив, иако имаме ист број на бодови по 10, аа и двапати загубивме од нив.
Романија е прва во групата со 13 бода, а со нив и Македонија на Ф4 турнирот ќе играат и Финска и Унгарија.