Езџан Алиоски е подготвен да се врати во Европа и за помала плата од сегашните 2,5 милиони евра по сезона во Ал-Ахли да игра за турскиот шампион Трабзонспор.
Трабзон по 38 години чекање, конечно стана првак на Турција и џек-пот за Алиоски ќе биде можноста да игра во Лигата на шампионите.
Раководството на клубот му нуди плата од два милиони евра по сезона, а лани речиси со идентична понуда, односно со 1,8 милиони евра по сезона не успеаја да го привлечат Алиоски, кој од Лидс се пресели во Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Сега трансферот се најавува како сигурна работа, иако Џани има договор што важи уште една година со Ал-Ахли.
Желбата му е да се врати во Европа и да игра во луксузната лига, во Лигата на шампионите, со најголемите клубови на Стариот Континент.