ФИФА донесе неколку нови правила по кои фудбалската игра ќе биде изменета во однос на тоа што сме навикнале да го гледаме.
Главната промена која треба да стапи на сила од 1 јули е дека при пеналите, голманите ќе мора со двете нозе да газат на линијата. Досега голманите смееја со едната нога да излезат понапред, а едната мораше да им биде на гол-линијата.
Со новото правило значително се отежнува задачата на чуварите на мрежата, а ќе им биде полесно на тие што ќе шутираат од 11 метри.
Едно од новите правила е и дека за секое играње со рака со кое ќе се спречи гол или очигледна шанса за гол, ќе се казнува со црвен картон, без разлика на кој дел од теренот се случило играњето со рака.