Се зголеми македонската колонија во ФК Сараево

Влатко Дробаров е новото засилување на одбраната на Сараево, потврди клубот. Македонскиот стопер потпиша едногодишен договор, со опција тој да се продолжи на уште една дополнителна година.

Со нашиот дефанзивец се зголемува македонската колонија во босанскиот клуб, каде што веќе се Крсте Велковски и Даниел Аврамовски.

За Дробаров ова е 11-ти клуб во кариерата, откако претходно ги бранеше боите на Тетекс во два наврати, Напредок, Скопје, Беласица како домашни екипи, а играше уште во Мексико, Ерменија, Кипар, Индија и Саудиска Арабија. Бугарскиот клуб Черно Море беше негов последен пред преселбата во Сараево.

 

- Оглас -

Најнови вести