Арсенал купи бразилски напаѓач, но не е Габриел Жесус

Арсенал го официјализира првото летно засилување, на „Емирати“ доаѓа талентираниот Маркињос од редовите на Сао Паоло.

Крилниот офанзивец, кој има само 19 години, потпиша повеќегодишен договор со Топчиите, а за неговите услуги беа издвоени скромни три милиони фунти.

Маркињос е стандарден првотимец во младинските селекции на Бразил и се очекува да биде убаво освежување за екипата од Лондон. Сепак, навивачите очекуваа дека позвучно име во облик на бразилски напаѓач ќе пристигне на „Емирати“.

Арсенал го посакува Габриел Жесус од Манчестер сити, за чиј потпис има конкуренција од градскиот ривал Челзи, но засега мора да се задоволат со младиот Маркињос.

- Оглас -

Најнови вести