Така се станува првак, Фенербахче водеше од почетокот до крајот и застана на тронот во Турција

Екипата на Фенербахче е новиот кошаркарски првак во Турција откако во финалната серија со 3:1 го победи Анадолу Ефес. Големите истанбулски ривали одиграа интересна финална серија, а Фенербахче денеска славеше на гости со 92:80 и стигна до посакувата трета победа.

Играчите на српскиот стратег Александар Ѓорѓевиќ одиграа фантастичен меч и водеа буквално од почеток до крајот на мечот. Гостите поведоа со 5:0, а на крајот од првата четвртина стигнаа до 12 разлика (24:12). Гостите со одлична игра постојано имаа контрола на резултатот и најчесто сигурна предност, па на крајот и сосема заслужено се радуваа на победа и на титулата.

За Фенербахче ова е прва шампионска титула по пауза од четири години, а вкупно 10-та во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести