Двата македонски претставници, Академија Пандев и Шкендија, ги дознаа противниците за првото квалификациско коло во Лигата на конференциите.
Академија Пандев ќе ги одмери силите со Легија Гдањск, прво како гостин, за на 14 јули да го пречека полскиот тим на домашно тло.
Шкендија ќе игра двомеч против Арарат Јереван, прво како домаќин на 7 јули, а возвратниот дуел во Ерменија ќе се игра седум дена подоцна.
Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Македонија Ѓорче Петров, европските обврски ќе ги почне од второто квалификациско коло.