Двојник на Томпсон дочека 10 минути слава: Вредеше да потрошам 10.000 долари за 10-минутна НБА кариера

Американскиот јутубер Досон Герли, попознат како Големиот Довс, ноќеска се прослави во пресрет на петтиот меч меѓу Голден стејт вориорс и Бостон селтикс.

Досон е плукната копија на Клеј Томпсон, ѕвездата на Вориорс, па решил да си ја проба среќата и незабележливо да се приклучи на тимот кој го води Стив Кер.

Јутуберот облечен комплетно во униформа на Воините успешно минал покрај обезбедувањето и на теренот се задржа 10 минути загревајќи се со домашните кошаркари.

Откако го забележале дека всушност не е кошаркар, обезбедувањето веднаш реагирало, па Досон завршил надвор од арената и доби доживотна забрана за влез во „Чејс центарот“ за НБА-натпревари.

„Добив доживотна забрана затоа што поминав покрај пет различни обезбедувања, кои без проблем ме пуштија и не ми побараа акредитација. Шутирав и шетав на теренот околу 10 минути. Исто така потрошив 10.000 долари за билетот, кои не сакаат да ми ги вратат. И сега, зошто јас да добијам казна кога нивното обезбедување е некомпетентно да си ја врши работата?“, се огласи Досон преку „Твитер“.

Досон набрзо потоа се огласи уште еднаш, вели дека воопшто не жали што потрошил 10.000 долари за билет бидејќи во тие 10 минути се чувствувал како НБА-играч.

https://twitter.com/BigDawsTv/status/1536513362070163461

- Оглас -

Најнови вести