Ексѕвездата на Реал Мадрид и Манчестер сити, Робињо, официјално е претставен како големо засилување на Истанбул Башакшехир. Бразилецот ја смени средината во зимскиот преоден рок, но остана во Турција, а од Сиваспор се пресели во редовите на лидерот во турскиот шампионат.
Башакшехир исплати два милиони евра обештетување за неговите услуги, додека Робињо потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година.
„Мојата најголема цел е да бидам шампион. Новите соиграчи топло ме примија, исто како и тренерот и цел стручен штаб. Среќен сум што сум дел од ова семејство“, истакна Робињо при претставувањето.
Во тимот на Сиваспор редеше одлични настапи, сезонава осум пати се запиша во листата на стрелци, а несомнено ќе крене го нивото на квалитет во составот на лидерот во турското првенство.
✍🏻 HOŞ GELDİN @Robinho | https://t.co/0uyE363xLr pic.twitter.com/YUajdow0fU
— RAMS Başakşehir (@ibfk2014) January 5, 2019