Српската кошаркарска репрезентација доби огромно засилување со Никола Јокиќ за претстојниот Евробаскет.
Најдобриот кошаркар во НБА-лигата во последните две сезони одговори на повикот и ќе му биде на располагање на селекторот Светислав Пешиќ за континенталниот турнир, кој е предвиден да се игра во септември.
Ова е посебно добра вест за српските љубители на кошарката бидејќи Јокиќ лани го навлече гневот откако одби да игра во квалификациите за Олимписките игри, по кои Орлите останаа без пласман во Токио.
Инаку Пешиќ нема да смета на сите НБА-ѕвезди ако се знае дека Богдан Богдановиќ ќе го пропушти Евробаскетот поради повреда на коленото.
Србија е во групата Д, каде што ќе игра против еден од домаќините на ЕП, селекцијата на Чешка, заедно со Полска, Финска, Израел и Холандија.