Талентираниот офанзивец Пабло Торе е нов играч на Барселона и потпиша договор со гигантот со важност до 2026 година.
Момчето што има само 19 години доаѓа од редовите на Расинг и за почеток ќе се кали во Б тимот на Барселона.
https://twitter.com/mundodeportivo/status/1537086181812363265?s=20&t=B-5S2egaB0uNxU6vMMHsQw
Каталонците успеаја да ја добијат битката за Торе со уште неколку екипи кои беа заинтересирани за него, а веднаш по потпишувањето на договорот, објавено е дека отштетната клаузула за 19-годишниот фудбалер е 100 милиони евра.
https://twitter.com/FCBarcelonaB/status/1537036588399706112?s=20&t=qAXdG1znJzInCHr9PMLARw