Бразил, Белгија, Аргентина, Франција и Англија ќе бидат во Топ-5, Македонија ќе падне на 64-то место на ФИФА листата

Македонија ќе падне за две места на новата ранг-листа на ФИФА што ќе биде објавена на 23 јуни, а причина е поразот од Грузија и ремито со Бугарија во Лигата на нациите.

По скокот од пет места по триумфот против Италија во Палермо во полуфиналниот бараж за настап на Мундијалот во Катар и позицијата со број 62, сега следува пад од две места на 64-тото скалило во конкуренција на фудбалските репрезентации од цел свет.

Првото место ќе го задржи Бразил, втора останува Белгија, а Аргентина ќе ја замени Франција на третото место.

Актуелните светски прваци, Французите, ќе бидат на четвртата позиција, а Топ-5 ќе го затвори Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести