Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека според едно истражување, дури 91 процент од луѓето во неговата земја навиваат или за Црвена ѕвезда или за Партизан.
Затоа иако клубовите се во големи долгови за данок и им се заканува опасност од стечај, Вучиќ рече дека државата ќе продолжи да ги помага Ѕвезда и Партизан бидејќи не смее да се занемари нивната полуларност.
Вучиќ не кажа кој клуб е попопуларен, но истакна дека за едниот навиваат 56, а за другиот 35 отсто од граѓаните на Србија. Не е тајна дека Црвено-белите се најпопуларен клуб и Ѕвезда е таа за која навиваат повеќе од половина Срби.