Кантер нема да патува со Никси во Лондон, стравува да не биде убиен

Центарот на Њујорк никс, Енес Кантер, истакна дека нема да патува со остатокот од тимот за дуелот против Вашингтон визардс кој ќе се игра во „О2“ арената во Лондон, како дел од НБА натпреварите кои се организираат вон САД. Кошаркарот со турско потекло се плаши дека може да го загуби својот живот од турски шпиуни.

Кантер многу го критикуваше претседателот на Турција Реџер Таип Ердоган, за време на воениот пуч, па во мај 2017 година беше задржан во притвор во Романија. Подоцна му беше одземен и турскиот пасош, а Кантер смета дека тоа е поради неговите политички ставови.

„Постои шанса да ме убијат во Лондон, па затоа одлучив да не патувам со тимот, ќе останам дома. Жално е, не можам да си ја вршам работата поради тој страв, а сакав да бидам присутен и да помогнам на тимот“, истакна Кантер.

Иако официјалниот став на Никси беше дека Кантер нема да патува за Лондон поради проблеми со визата, кошаркарот одлучи јавно да ги истакне причините поради неговото останување во САД.

Њујорк никс на 17-ти јануари ќе играат против Вашингтон визардс во „О2“ арената во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести