Турскиот кошаркарски шампион Фенербахче се раздели со тренерот Александар Ѓорѓевиќ, само неколку дена по освоената титула во домашното првенство.
Фенерите го надиграа двократниот европски првак Анадолу ефес во финалната серија во турската Суперлига, но и пред крајот на сезоната се најавуваше разделба меѓу српскиот стратег и клубот.
„Александар Ѓорѓевиќ повеќе не е тренер на првиот тим. Му благодариме на на неговата посветеност и значајниот придонес во освојувањето на титулата во домашниот шампионат. Фенербахче му посакува среќа на Ѓорѓевиќ во понатамошната кариера“, стои во клупското соопштение.
Ѓорѓевиќ се задржа само една сезона на клупата на гигантот од Истанбул, а претходно работеше во Виртус Болоња, Баерн Минхен, Панатинаикос, Бенетон Тревисо и Олимпија Милано.