Најдобриот стрелец во историјата на Мундијалите стана тренер на екипа која едвај се спаси од испаѓање

Мирослав Клосе е фудбалска легенда не само на германскиот туку и на светскиот фудбал. Овој некогашен голгетер е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства со 16 погодоци, како и прв стрелец во историјта на германската фудбалска репрезентација (71 гол).

Играчката кариера на Клосе заврши во 2016 година, а потоа беше најзначен за помошник на селекторот Јоаким Лев во германската репрезентација. Потоа работеше и во младинските категории во Баерн, а беше помошник и во првиот тим на баварскиот гигант.

Од денеска, Клосе ја има првата самостојна тренерска работа и тоа во екипата на Алтах во Австрија. Овој тим во сезоната која што заврши, само за еден бод се спаси од испаѓање, што значи дека Клосе ќе има навистина голем предизвик.

- Оглас -

Најнови вести