Најсилните европски првенства се завршени, фудбалот на Стариот континент речиси целосно е во мирување, но тоа не значи дека треба да се мирува и со „ловење“ на добитни тикети.
Обложувач во Sport Life од Битола, се покажа како експрт за бразилски фудбал, па на само три одиграни меча, со вложени 2.000 денари, си заработи добивка од 26.593 денари. Тактиката на сите три меча била иста, а тоа е домаќинот да победи, а во двете полувремиња да има барем по еден погодок на средбите.
Крузеиро со 2:0 славеше над Понте Прета, а домаќините погодокот за водство го дадоа во 44 минута, токму пред крајот, за да има еден погодок во првиот дел. Вториот гол падна на почетокот на второто полувреме.
Исто се движеше резултатот и на мечот Фламенго – Куиба. Домаќините поведоа во 7 минута, а во 79 минута погодија за 2:0, за да има барем по еден гол во двете полувремиња.
Палмеирас имаше најлесна задача, па уште по првото полувреме водеше со 4:1 против Атлетико Го. Високото водство ги задоволи домашните фудбалери кои едноставно застанаа во второто полувреме, но за среќа на обложувачот, гостите дадоа гол во вториот дел и тоа во 79 минута за конечни 4:2.
Од овие три меча со истата игра, обложувачот од Битола направил за него среќен вкупен коефициент од 13.30 и докажа дека одлично може да се заработи и во „мртвиот“ период за обложување.