Манчестер сити – Ротерам (15 часот)
„Граѓаните“ често знаат да постигнат по пет или повеќе гола на еден натпревар во Премиер лигата, па зошто да не се случи истото и денес во ФА Купот. Гвардиола ќе го пречека нисколигашот Ротерам во рамките од третото коло на најстариот фудбалски куп во светот, па со подмладен состав не би требало да има некакви проблеми.
Тотенхем, Арсенал, Челзи и Манчестер јунајтед веќе си обезбедија пласман во следната рунда, а денес се очекува и останатите фаворите да им се придружат.
Предлог тип: 1 & 5+ (2.20)
Хетафе – Барселона (20:45 часот)
Вториот дел од сезоната за Барселона во Ла Лига стартува од денес. Пред нив е непријатно гостување кај Хетафе, но „каталонците“ само еднаш не успеале да триумфираат на стадионот „Алфонсо Перес“ во последните пет гостувања. Покрај тоа, главните ѕвезди на шпанскиот првак се враќаат на терените по зимската пауза и ќе сакаат да продолжат онаму каде што застанаа во 2018 година, особено Меси, кој никако да се засити од погодоци.
Предлог тип: 2 & 3+ (2.20)
Бордо – Ле Авр (17:15 часот)
По лошиот старт на сезоната Бордо значително ја поправи својата игра и веќе 10 меча во сите натпреварувања нема претрпено пораз. И во Франција се одмораше одреден период, а фудбалот се враќа преку националниот Куп. „Жирондинците“ не смеат да потфрлат против второлигашот Ле Авр, иако гостите ќе се обидат да се надигруваат со фаворитот.
Предлог тим 1 & 2-4 (2.40)
Севилја – Атлетико Мадрид (16:15 часот)
Во Андалузија ќе се бие битка за второто место меѓу Севилја и Атлетико Мардид. Двете екипи се зад лидерите Барселона на табелата во Ла Лига, а „јорганџиите“ (34) имаат предност од два бода во однос на екипата која ја предводи Пабло Манчин (32). Атлетико има убави спомени од последното гостување на „Рамон Санчез Писхуан“, славеше убедливо со 5-2, но Севилја сезонава игра многу подобро од тогаш, што значи дека на фудбалерите на Диего Симеоне воопшто нема да им биде лесно.
Иако Атлетико е тим кој ретко дозволува голови во својата мрежа, денес Андалужаните ќе мора да им ја затресат барем еднаш.
Предлог тип: GG3+ (2.55)
Бенфика – Рио Аве (18:30 часот)
„Орлите“ и без тренер ќе треба да покажат зошто се гиганти во Португалија. Раководството на Бенфика му врачи отказ на Руи Виторија пред неколку дена, но тоа не значи дека фудбалери треба да чекаат да дојде нов предводник за тие да им се вратат на победите. Рио Аве е одличен противник за фудбалерите да докажат дека не е во нив проблемот за лошите резултати, особено што против оваа екипа не знаат за пораз веќе три години.
Предлог тип: Т1 1+I & 1+II (1.83