Петокот беше среќен за обложувачи од Македонска Каменица и Неготино, а најбогатиот добитен тикет викендов во Sport Life го имаше битолчанец, кој погодил дека двете полуфиналиња од ракометната Лига на шампиони ќе завршат нерешено после 60 минути игра.
БИТОЛЧАНЕЦ „ЗНАЕШЕ“ ДЕКА ЌЕ БИДЕ НЕРЕШЕНО ВО ФИНАЛЕТО И НА МЕЧОТ ЗА ТРЕТО МЕСТО
На уплатно место на Sport Life во Битола, еден добар ракометен прогнозер уплатил 2.000 денари дека мечевите Кил – Веспрем и Барса – Кјелце ќе завршат нерешено. И навистина, и дуелот за трето место и финалето во ракометната Лига на шампиони, се решаваа на пенали, откако во регуларните 60 минути беше нерешено.
За двата икса, вкупната квота е 72, па битолчанецот има добитен тикет од 144.000 денари.
ГОЛ ВО 99-ТА МИНУТА ВО ВЕНЕЦУЕЛА ДОНЕСЕ РАДОСТ КАЈ ОБЛОЖУВАЧ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Во Македонска Каменица, со само 30 денари уплата, еден тикет има добивка од 72.850 денари. Погодени се 11 фудбалски мечеви, сите на конечен тип. На тикетот има луд микс на натпревари од лиги од неколку различни континенти, а станува збор за мечеви кои се играа во петокот.
Овој обложувач најсреќен бил во 1 часот по полноќ во ноќта петок кон сабота, кога во меч од Венецуела помеѓу Зулија и Ерманос, домашните во 99-та минута дадоа гол за победа од 2-1 и така тикетот стана добитен.
СО 100 ДЕНАРИ УПЛАТА ДО ДОБИВКА ОД НАД 100.000
Во Sport Life во Неготино, обложувач има одличен добитен тикет од 106.655 денари, а уплатил 100 денари. Овој прогнозер погодил седум меча од фудбалски средби во петокот.
На тикетот има мешавина од игри, погодени се убави квоти. Најкритичен му бил мечот Бохемијанс – Шелбурн од ирската лига. Типувано е дека ќе има 0-1 гол, а уште во 12 та минута домашните постигнаа погодок за 1-0. За среќа на обложувачот, во следните 78 минути немаше гол.