Ливерпул нема да застане по 100-милионскиот трансфер на напаѓачот Дарвин Нуњес и подготвува второ големо засилување за подновување и на средниот ред.
Големата желба на Клоп е Николо Барела, италијанскиот репрезентативец на Интер кој е проценет на околу 90 милиони евра.
Црвените кројат планови како да го доведат одличниот играч за врска на „Енфилд“. Има опција половина од споменатата сума да биде платена, додека во Милано да пристигне Наби Кејта како дел од трансферот.
Барела во изминатите две сезони беше клучен играч на Нераѕурите со повеќе од 130 настапи, во кои забележа учинок од 11 погодоци и 34 асистенции, а Клоп наводно го посакува по секоја цена.
Инаку покрај Нуњес, вицешампионот на Англија летово се засили уште со талентираните Фабио Карвалјо за 6 милиони евра и Калвин Ремзи за 5 милиони евра.