Галтие две години на „Паркот на принцовите“, платата значително пониска од онаа на Покетино

Кристоф Галтие ќе потпише двегодишен договор со Пари Сен Жермен, со опција истиот да се продолжи на уште една дополнителна година.

Предводникот на Ница наскоро ќе го комплетира ангажманот на „Паркот на принцовите“, каде што доаѓа како замена за Маурисио Покетино. Сепак, платата на Галтие ќе биде значително пониска од онаа на Аргентинецот, а точната цифра засега останува непозната.

Покетино на годишно ниво инкасира 8 милиони евра, или 152 илјади евра неделно. Што се однесува до неговиот отказ, екстренерот на Тотенхем од Париз ќе си замине со полни џебови, односно околу 20 милиони евра отштета за предвремен прекин на работниот однос.

- Оглас -

Најнови вести