Македонија падна за две позиции и сега е на 64-то место на новата ранг-листа на ФИФА што е објавена денеска.
Бевме на 62-рото место на претходното рангирање во март, а падот е најмногу поради поразот од Грузија во Лигата на нациите и ремито со Бугарија.
Бразил остана на лидерската позиција, пред Белгија и Аргентина, која сега е на третото место и ја смени Франција.
Триколорите, кои се актуелни светски прваци и ќе ја бранат титулата во Катар во ноември и декември, сега се четврти, а во Топ-5 место има и за Англија.
Потоа следуваат Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска како десет најдоброрангирани светски селекции.