Го бараше пола Европа, реши да не го напушти стадото Црвени бикови

Лајпциг го продолжи договорот со својот најдобар играч Кристофер Нкунку до јуни 2026 година. Иако Французинот беше цел на повеќе европски гиганти, тој се реши да остане Црвен бик најмалку уште четири години.

Минатата сезона беше најдобра во кариерата за Нкунку. Во вкупно 50 натпревари, забележа учинок од 35 гола и 19 асистенции. Одличните настапи му го отворија патот до репрезентацијата на Франција, за која настапи во четири наврати во последниот репрезентативен циклус.

Манчестер јунајтед, Челзи, како и неговиот матичен клуб ПСЖ беа меѓу најзаинтересираните екипи за да го откупат Нкунку, но Лајпциг брзо реагираше и успеа да ја задржи својата ѕвезда.

https://twitter.com/RBLeipzig/status/1539894780921933825?s=20&t=07O5btqtgfJfRgY1MItljw

- Оглас -

Најнови вести