Пол Погба од денес е посреќен човек откако се потврди неговиот камбек во редовите на Јувентус, меѓутоа доживеа тотален неуспех на друго поле.
Станува збор за неговиот документарен филм „Погментари“, кој може да се гледа на стрим-платформата „Амазон прајм“. Измина една недела откако документарецот е пуштен во етер, а веќе ја доби најслабата оценка во историјата на веб-страницата ИМБД, наменета за критика и оценка во филмската индустрија.
Од максимална оценка 10, „Погментари“ доби оценка 1, ниту едно друго шоу, филм, серија или документарец нема послаба оценка на ИМДБ.