Легендарниот голман ќе брани и на 40 години, потпиша нов договор со Ајакс

Некогашниот холандски репрезентативен чувар на мрежата, Мартен Стекеленбург не планира да оди во пензија и потпиша нов едногодишен договор со Ајакс. Стекеленбург во септември ќе наполни 40 години и повеќе од дведецениска кариера, која започна токму во Ајакс.

Ветеранот освен за Ајакс има брането и во Рома, Фулам, Монако, Саутемптон и Евертон. Во националниот дрес на Холандија има 63 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести