Барселона во Мадрид заокружи на 10 бода пред Реал

Барселона ги освои планираните три бода од гостувањето кај Хетафе. Каталонскиот гигант уште во првите 30 минути даде два гола и на крајот тие се покажаа како доволни за триумф од 2:1. Со оваа победа, Барселона стигна до 40 бодови по 18 меча во Примера и се зацврсти на лидерската позиција.

Освен што победи, во корист на актуелниот првак беа и резултатите на сите останати конкуренти. Реал Мадрид дома загуби од Сосиедад со 2:0 и сега заостанува 10 бодови, додека во дербито на колото Севилја и Атлетико Мадрид ремизираа 1:1, па сега „јорганџиите“ заостануваат пет бода, а Севилја има седум помалку од лидерот.

На дуелот кај Хетафе, се беше решено по првиот дел. Меси и Суарез погодија за гостите, а Мата пред крајот на првиот дел намали на 1:2, но тоа беше се што направија домаќините. Барселона во второто полувреме имаше неколку шанси за трет гол, но и покрај тоа што гостите не реализираа, на крајот се радуваа.

- Оглас -

Најнови вести