Драма за аналите: Асвел ја доби мајсторката и е старо-нов шампион на Франција (видео)

Асвел ја слави 21-та титула во Франција откако славеше во драматичната мајсторка против Монако со 84:82 по продолженија.

Кнезовите на гостински терен беа на дофат до најважната победа во клупската историја, меѓутоа во клучните моменти ја испуштија својата прва историска титула.

Кошаркарите на Обрадовиќ западнаа во големи проблеми на стартот кога Асвел поведе со 22-7, но како што одминуваше времето така и разликата се намалуваше.

https://twitter.com/LNBofficiel/status/1540793279079280642

Монако фати залет во второто полувреме и ја презеде иницијативата во завршната четвртина. Асвел сепак успеа да приреди драма со серија од 7-0 и да дојде на само пола кош разлика во финишот. За да биде вистинска драма, во последната минута двете екипи се разменуваа со водството, за на крај Асвел да избори дополнителни пет минути игра со кош во последната секунда.

Продолженијата не разочараа, нова драма и резултатска бркотница до последен момент, за на крајот Асвел да го одбрани кошаркарскиот трон.

Окобо со 20 поени беше најефикасен играч на Асвел, додека кај поразените блескаше Мајк Џејмс со 16 поени и 10 скока.

https://twitter.com/LNBofficiel/status/1540797128741732354

- Оглас -

Најнови вести